Шарлиз Терон има ново момче?

Шарлиз Терон и Сет Мекфарлан поминуваат заедно многу време. Иако најверојатно станува збор за средби поради новиот заеднички филм што треба да го снимаат „A Million Ways To Die In The West“, сѐ почести се гласините дека се работи за романтични средби.

Папараците ги уловија Терон и Мекфарлан како напуштаат еден суши ресторан во Западен Холивуд. Актерката делувала прилично срамежливо, додека комичарот одел зад неа со огромна насмевка на лицето.

1365524864_seth-macfarlane-charlize-theron-lg

Шарлиз е официјално без момче откако раскина со Стјуарт Таунсенд во јануари 2010 година, а Мекфарлан неодамна ја прекина врската со Емилија Кларк, актерка од серијата „Игра на тронови“.

Медиумите забележале дека Шарлиз и Сет флертувале на забавата по доделувањето на Оскарите, па оваа зедничка вечера е доказ дека станува збор за романса. Меѓутоа Е! наведува извор кој рекол: „Шарлиз не е негов тип…Тие се само пријатели“.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

http://youtu.be/GuyRMfNV8sQ

 

- Реклама -