Шарена пита

Пазарите се преполни со зеленчуци, па навистина е штета да не бидат застапени на вашето мени. Набавете свеж спанаќ и пробајте го денешниот рецепт.

Состојки:500г кори за пита, 400г обарен спанаќ, 200г шунка, 100мл павлака, 8 варени јајца, зејтин, сол, бибер

Подготовка: Обарениот спанаќ исечете го и измешајте го со павлаката и исецканата шунка, посолете и наросете бибер. Три кори ставете една врз друга и секоја попрскајте ја со зејтин. Потоа распоредете дел од филот од спанаќ и ставете две јајца, па замотајте ја питата во ролна. Од преостанатиот материјал повторете ја истата постапка. Направените кори ставете ги во подмачкан плех и попрскајте ги со зејтин. Печете околу 40 минути на умерен оган.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Питата може да ја послужите со млеко или јогурт.

Добар апетит!

- Реклама -