Си седеле неколку пријатели во Киев и си праеле муабет дека стандардните црни и тегет чорапи се многу досадни.
Така се родила идејата да направат колекција на шарени чорапи кои, според нив, многу би го подобриле расположението кај луѓето што ги носат.
Нивниот бренд се вика “Sammy Icon” и тие велат дека секој треба да ги открие малите нешта што можат да го разубават денот, па зошто тоа да не се шарените чорапи?