Оваа неверојатна кујна која ќе ја видите во галеријата подолу, е дело на американската уметница Лиза Лоу, која потроши цели 5 години за да ја заврши нејзината уникатна инсталација наречена „Kitchen and Backyard“.
Буквално се што е прикажано на фотографиите подолу е прекриенo со разнобојни монистри, редени една по една и креирајќи еден запрепастувачки извонреден мозаик.
Лоцирана во Јужна Африка, артистката беше инспирирана од африканското шаренило и фолкор, па дури и соработуваше со неколку локални уметници кои веќе имаат работено на вакви проекти со генерации наназад. Финалниот резултат е фантастичен.