„Шаоми“ ја претстави новата серија паметни телефони

Со новата серија паметни телефони „Шаоми 14“, кинескиот технолошки гигант ги помести границите на фотографијата, велат познавачите. Се покажа дека професионалната камера може да се воведе и во секојдневна употреба, така што за добра фотографија е потребен само современ паметен телефон.

„Шаоми“ ја претстави 14-та серија паметни телефони на саемот во Барселона. Уредот работи на „Хајпер-ОС“ (HyperOS) со основите на „Aндроид 14“, а со помош на моќниот „Квалком снепдрагон 8 ген 3“ чип.

На задната страна има четири камери со квалитетот на 50 мегапиксели. Ултра-широката камера покрива 122 степени и благодарение на тоа и другите професионално-фотографски одлики, сликите ќе имаат одличен квалитет.  

- Реклама -