Познатата пејачка Шакира, избраничката на Жерар Пике, роди машко дете кое ќе се вика Милан Пике Мебарак. Ова и не била така важна вест да не се работи за една од најпознатите двојки во светот на спортот и шоубизнисот.
Колумбиската пејачка се породила во текот на денешниот ден и на свет го донела синот на Пике, кој сега влегува во друштво на „тазе“ татковци во Барселона, заедно со Лионел Меси и Виктор Валдес. Во четврток Барселона игра важен натпревар од Купот на Шпанија, но веројатно Пике ќе добие неколку слободни часа за да ги организира „мекиците“…