Шакира и призна на Ријана дека е посекси!

Шакира не престана  да ја фали својата колешка Ријана, која според неа била „најсексапилната жива жена во светот”. „Ријана е толку природна што нема потреба од специјални третмани при фотографирање. Камерата ја сака“, вели Шакира.

„Јас, на пример, треба да се наместам пред да се фотографирам додека кај неа тоа едноставно не е потребно. Ријана безусловно е најсексапилна жива жена во светот “, смета 37-годишната пејачка.

„Како пејачка Ријана исто така е една од најдобрите во светот. Истовремено, таа е приземјена, се држи  едноставно и природно. Со неа се комуницира лесно, бидејќи Ријана е топол човек. ” додава Шакира.

Во продолжение погледнете го најновиот спот на Шакира за песната „Dare (La la la)“, која ја посвети на овогодинешното светско првенство во фудбал, во Бразил.

- Реклама -