Јелена Карлеуша е една од членовите од жирито на музичкото шоу „Ѕвезде Гранда“. Нејзините коментари кои се упатени спрема натпреварувачите се доста сурови. Таа покажа дека може да биде немилосрдно искрена и груба. Но, сепак таа ја откри и својата нежна страна, Карлеуша се расплака.
За Јелена виновникот за нејзините солзи е колегата од жирито Шабан Шаулиќ, кој прв се расплака поради пеењето на натпреварувачот. Карлеуша призна дека кога некој кој е во нејзина близина заплаче, таа неможе да го поднесе тоа и почнува да плаче.
Марија Шерифовиќ на реакцијата на Јелена само искоментира дека и таа е човек и ја прегрна.