Sex.com:Домејн вреден за умирање?

sexppИзмамникот Стивен Коен, кој фалсификуваше писмо убедувајќи ги Network
Solutions да му ја препишат сопственоста на url-то www.sex.com,
моментално е сеуште недостапен и може да додаде „обид за убиство преку
банда“ во едно од неговите поглавја на оваа нео-крими драма.

sxdotcomИзмамникот Стивен Коен, кој фалсификуваше писмо убедувајќи ги Network Solutions да му ја препишат сопственоста на url-то www.sex.com, моментално е сеуште недостапен и може да додаде „обид за убиство преку банда“ во едно од неговите поглавја на оваа нео-крими драма.

Кога вистинскиот сопственик на sex.com, Гери Кремен, го доби судскиот спор во кој Коен требаше да му го врати домејнот по направената измама и да му плати оштета од $65 милиони, Коен избега во Мексико. Тој го имал домејнот веќе 3 години, и наводно заработувал $500.000 месечно од продавање банери на други онлајн порно сајтови.

Адвокатот на Коен во Мексико беше нападнат во класичен мафија стил минатата недела, по што беа повредени возачот и младо момче. Тој треба да се појави на суд во Сан Хозе следниот Февруари, што според многумина тешко дека ќе се случи.

Бруталната битка за sex.com, наскоро и во книга. Купете ја овде

 

 Прочитај ја целата приказна

- Реклама -