Северна Кореја – најсреќното место на планетава (видео)

Северна Кореја - најсреќното место на планетава (видео)Според последната студија (направена и објавена единствено во Пјонгјанг), Демократска Народна Република Кореја се наоѓа помеѓу петте најсреќни држави во светот. Убедливо последна на индексот на среќа се наоѓа „Американската империја“.

Во извештајот за светската среќа, големата нација на уште поголемиот лидер Ким Јонг Ил не се најде на првото место. Како што објави државната телевизија, совршени 100 поени доби северниот сосед на Северна Кореја, Кина. Тие се најдоа на одличното второ место, додека по нив следуваат: Куба, Иран и Венецуела (коишто сосема случајно се единствените сојузници на нацијата).

Смртниот непријател на големата република, Јужна Кореја, се најде на лошото 152 место, со само 18 поени, но најзагрижени треба да бидат жителите на Американската империја, коишто се убедливо најнесреќни на планетава и усепаја да добијат само 2 поени на Индексот на среќата, за 203-то, последно место. За сега, нема информации на кое место се најде Македонија, бидејќи комплетната студија сè уште не е достапна, но штом ќе се појави важниот податок, веднаш ќе ви го пренесеме.

Тајните снимки од Пјонгјанг, направени од Стив Гонг

{vimeo}19901182{/vimeo}

- Реклама -