Северна Кореја ја пpeдупpeди Америка

САД ќе бидат соочени со „несакани последици“ ако не ја „омекнат“ својата позиција во преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја до крајот на 2019 година, порача денес заменичката на севернокорејскиот министер за надворешни работи.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун им постави рок на САД до крајот на годината да покажат поголема флексибилност, откако неуспешниот втор самит меѓу Вашингтон и Пјонгјанг во Виетнам не резултираше со договор за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја, во замена за ублажување на санкциите кон земјата.

Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео го игнорираа рокот и наместо тоа го повикаа Џонг Ун да го исполни своето ветување околу денуклеаризацијата.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

Заменичката на севернокорејскиот министер за надворешни работи – Choe Son Hui, се осврна и на минатонеделното интервју на Помпео за CBS, во кое тој порача дека САД можеби ќе треба да го „променат пристапот“ ако преговорите пропаднат:

„Промената на пристапот не е привилегија само на САД, туку тоа би можел да биде и наш потег ако така одлучиме“, се зaкaни Чо, пренесува севернокорејската агенција KCNA. Според неа, одлучноста на Северна Кореја по прашањето на денуклеаризацијата е и останува – непроменета.

- Реклама -