Северна Дениција од Петре.М. Андреевски

Граѓани реагираат на социјалните мрежи дека во онлајн-наставата за 6. одделение се фалсификува делото на еден од најголемите македонски поети Петре М. Андреевски.

Како што реагираат граѓаните, наводно на работен лист за онлајн настава за 6. одделение, исфрлена е последната строфа од песната на Петре М Андреевски – „Кога ја љубев Дениција“ – затоа што во неа се спомнува „Македонската држава“.

Исфрлената строфа гласи:

„Кога ја љубев Дениција
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.“

- Реклама -