Северина за влакно избегнала судир со камион

severina_650x460

Популарната пејачка минатата недела предизвика возбуда во Дубровник, а со оглед на тоа дека таа таму пристигна со нејзиниот автомобил, новинарите ја запрашале каков возач е таа.

„Пред малку имав една баш непријатна ситуација. Камионот преминуваше на другата страна на улицата, јас возев 120, и со оглед на тоа што беше малку магловито можев да се најдам под камионот. Среќа што брзо ми проработеа рефлексите па свртев“, изјавила пејачката за „Ексклузив“. Таа воедно кажала дека обично е снаодлива и опуштена додека вози, и како не и пречат неколегијалните возачи на патот.

Пејачката открила и како во една прилика примила автостопери, љубовен пар кој бил многу симпатичен. „Надвор врнеше, а тие се бакнуваа. Навистина беа симпатични.“

 

- Реклама -