Северина повторно ги сруши сите статистики со провокативниот настап во музичката емисија Vip Room на телевизија Пинк.
Вчеравечер на Пинк беше емитувана новата епизода на музичката емисија Vip Room која ги сруши сите рекорди на гледаност во историјата на оваа телевизија и тоа благодарение на хрватката пејачка Северина Вучковиќ.
Северина ја отпеа новата песна „Добредојде во клубот“ облечена во фустанот Bordelle што го носи и во спотот.
На репертоарот се најдоа и „Италиана“ која ја отпеа со Ана Бебиќ, „Град без луѓе“ и „Тарампана“ во текот на чија изведба ги допираше танчерките за гради и задник, а беше облечена во машки костим.