Хрватската пејачка Северина стана заштитно лице на луксузните часовници „TAG Heuer“ за регионот, а некои од светски познатите амбасадори на тој бренд се Леонардо Ди Каприо, Камерон Диаз и Марија Шарапова.
Овој познат швајцарски бренд за часовници, еден од водечките во светот со традиција од над 150 години, е присутен во Хрватска скоро две децении.
На гламурозните фотографии Северина ја промовира најновата женска колекција „Link Lady“ и часовникот со 58 дијаманти кој секојдневно го носи. Оваа колекција го претставува се она што „TAG Heuer“ е – прецизност, веродостојност, гламур и ексклузивност.