Северина се пожали: „Кога ќе ме видат во тренерки, не трчаат по мене“

Со провокативна фотографија, крај познатите стихови „Збогом море, одох у планине“, Северина се упати на скијање. Оваа години со себе го зеде и синчето Александар, со кого уживаше во снежните радости и неговите први скијачки чекори.

Уживањето во зимската радост со синот, и измами на гордата мајка солзи во очите:

2

„ Денес за прв пат застана на скиите и јас гордо заплакав под очилата. Утре ќе се натпреваруваме во правење снешко. Не можам да верувам дека нешто што беше толку мало, сега скија, тоа е тоа…Растат многу брзо“, вели Севе.

Пејачката најмногу ја развеселиле врсниците на Александар, со кои се дружела во играчницата на хотелот:

„ Знаете, кога не доаѓам во потпетици и фустан, тие мислат дека тоа не е вистинската Северина, што ја знаат од телевизија. Кога ќе ме видат во тренерка, не трчаат по мене, бидејќи тоа не е Северина, трчаат само кога сум дотерана“, признава пејачката.

- Реклама -