Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ вчеравечер одржа концерт во Комбанк арената во Белград. Со песната „Италијана“, пејачката го започна концертот, во текот на кој се бакнуваше со танчерките, плачеше и изведе заводливи танци.
По третата песна, сексапилната Хрватка, ѝ се обрати на публиката:
„Што е ова, немојте да добиете по задникот од вашите мајки! Ајде сите да играме! Добро вечер Белград, добро вечер убави луѓе“.
Додека едни сметаат дека настапот вредел за сите пари, други коментирале дека Северина фалширала и дека немало специјални ефекти како што било најавено.
Севе и сама оценила дека некои песни не ги извела баш најдобро: „Знам дека имав доста пропусти, но косата постојано ми влегуваше во уста“, се пожалила таа, пишува српскиот весник „Блиц“.
Погледнете како помина концертот во галеријата фотографии