Двете најпопуларни пејачки во Хрватска, минатата ноќ до доцните вечерни часови ги објавија фотографиите од сниамњето на новиот спот. Судејќи според она што можеме да видиме, Северина и Јелена Розга подготвуваат секси настап.
На хрватската музичка сцена моментално царуваат Северина Вучковиќ и Јелена Розга. Тие нижат хит по хит, привлекуваат внимание каде и да се појават и редовно разменуваат информации со нивните обожаватели на Фејсбук.
А која е можноста во исто време да објават фотографија од својот нов спот?
Па очигледно голема, бидејќи Северина објавила слика на која пишала “Оваа соба ноќва е мој Алкатраз“ за новата песна „Алкатраз“.
Таа позирала во бела долна облека со наметка, но и Јелена не ништо помалку атрактивна. И Розга на својата Фејсбук страна објавила слика од снимањето на спотот за песната „Ментол“. Пејачката исто така носи „бела облека“, сребрено боди и бела бунда.
Судејќи според виденото, ќе има навистина секси спотови и кај двете.