Северина: Повеќе не го барам „вистинскиот“

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ во интервју за риечкиот „Нови лист“ откри дека повеќе не го бара „вистинскиот“ и дека сега малиот Александар е најважниот маж во нејзиниот живот.

Имате 40 години, едногодишно бебе и покрај тоа изгледате прекрасно. Во што е тајната?
-Водам сметка за исхраната, вежбам, но имам и поинаков живот од многу други жени. Многу патувам, држам двочасовни концерти, веќе долги години живеам едно лудо темпо со сто на час. Жените кои имаат мирен живот во текот на бременоста и потоа повторно мирен живот на поинаков начин се носат со линијата. Јас и пред и по породувањето патував многу, држев концерти и постојано вежбав, иако секој втор ден, и многу брзо по породувањето се вратив на работа. Не внимавав на исхраната и не вежбав само за да бидам убава и да си се допаѓам сама на себе туку затоа што ми е потребна физичка кондиција за работата со која се занимавам.

severina-e1359902790665

Раѓањето и грижата за малиот Александар не ја забавија вашата работа. Излезе албумот, а ете и турнеја. Колку е тешко и како успевате да се организирате?
-Со планирање и логистика. Првите шест месеци по породувањето не се осудував да работам ништо. Бев многу ранлива и ми се чинеше дека тој период не бев за на сцена туку дека местото ми е само покрај Александар. Малку по малку почнав повеќе да работам. Минатото лето одржав само пет концерти само за да видам дали сум во сотојба да се вратам на сцената.

Прочитајте и:  Музичарите од Филхармонија и Националната опера и балет со концерт во Софија

Александар е дефинитивно најважниот маж во вашиот живот. Претпоставувам дека нема да се одвојувате од него ни во текот на турнејата?
-Секако. Не мислам ни момент да се одвојувам од него.

aleksandar-i-severina-1343074827-189043

-Да ја парафразирам онаа ваша монодрама: сѐ уште го барате вистинскиот?
Не!Не!Не! (се смее)

Сверина открила дека роденденот на 21 април ќе го прослави во Скопје, каде што ќе одржи концерт на 17 април, но планира да остане неколку денови.

- Реклама -