Пејачката Северина Вучковиќ уживаше во Париз, каде двегодишниот син Александар го прошета низ Дизниленд.
Престојот во Париз го искористила работно, па во Франција го подготвила својот прв моден водич.
– Моја идеја, моја замисла. Тоа е дневник со душа и не е само тоа… Всушност, не е мој производ, мене само ме искористија да ја насликам насловната страна и сè што е внатре. Тоа го патентираше една наша жена, многу симпатична, која овој прирачник ќе го продава насекаде низ Европа, а ќе биде и преведен на неколку јазици- изјавила атрактивната пејачка за „Ekskluziv“.