Иако тоа излгедало на мала повреда, пејачката Северина Вучковиќ сепак мора да оди на операција.
Пејачката Северина Вучковиќ уште во 2010 година паднала на коленото и ја скршила ногата на тогашната турнеја, и од тогаш ја одложува операцијата. Но четири години подоцна и по уште две повреди на истото место, сега мора да оди во операционата сала.
„Вистина е дека Северина планира операција на предниот лигаментот на едната нога. Веќе некое време размислува за тоа, а свесна е дека барем два месеци мора да паузира со концертите. Сепак, таа започнала со работа на новиот албум, кој нема да страда заради тоа“, открил еден нејзин соработник.
Северина и на свадбата на Тони Цетински куцала на забатава, а во март е закажана операцијата на ногата и мора малку да мирува од сцената.