Ако сакаш малку да се испотиш и умориш, можеби е подобро да ја фатиш правосмукалката и метлата.
Северина се покажа како успешна жена и мајка, а сега се покажа и дека се снаоѓа и како домаќинка.
Хрватската пејачка им покажа на своите обожаватели дека ги разбира нивните домашни грижи и при тоа им се пожалила.
– Кој не тресел кеса од правосмукалка, тој не знае што е 50 нијански на сиво- напишала Северина на својот Инстаграм профил покрај многу интересни фотографии.
Всушност, пејачката се сликала додека е во симпатични пижами, со лента на коса и високи потпетици додека чисти по дома.
Севе се пошегува на филмот „50 нијанси на сиво“ кој е голем светски хит. Пејачката на оригинален и многу духовит начин покажала како таа го доживува овој филм.