Северина ја покори Словенија

Во текот на тричасовниот концерт во Целје популарната пејачка Северина, ги доведе посетителите на салата „Головец“ до екстаза докажувајќи дека на нејзиниот шарм не се имуни ниту соседите од Словенија.

Само неколку часа после објавата за нејзиниот концерт во салата „Головец“, нејзините карти беа целосно распродадени.

Северина пееше повеќе од три часа а некои од песните не можеше да отпее до крај поради воодушевувањето од публиката која гласно ја придружуваше во секоја песна.

 

- Реклама -