Северина наскоро ќе наполни 41 година, а изгледа како млада девојка. Открива дека за нејзината завидна фигура се одговорни вежбањето и умерената исхрана.
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ веќе со години е една од најпопуларните ликови на естрадата во регионот. Врската, разделбата и смирувањето со Милан Поповиќ само придонесоа секој нејзин чекор будно да се следи. Покрај нејзиниот љубовен живот, подеднакво е фасцинантно тоа што по породувањето е во форма на која може да и позавидат и многу помлади жени.
Северина има 58 килограми, а висока е 171 сантиметар. Трча, вежба и внимава што јаде.
„Сакам да вежбам и тоа секој ден. Сите вежби што ги правам не се на справи туку на под. Долго вежбам на таков начин затоа што мускулите не се зајакнуваат, туку фино се формираат, а можам да ги правам било каде – дома, во хотелска соба или во природа“, рекла Северина во интервју за „24 sata.hr“.
Таа открила дека секое утро печаши половина час, јаде три пати на ден на четири часа и два пати неделно оди во теретана.
Кога е убавината во прашање вели дека за сега не планира ботокс.
„Се откажав од секојдневното шминкање. Не ставам маскара ниту руменило. Престанав да се мачкам со креми што штитат од штетните сончеви зраци. Мислам дека нашата кожа знае сама да се одбрани“, рекла Северина.