Северина и Игор го испланираа медениот месец

Северина (43) и Игор Којиќ (28) наводно планираат да патуваат во Америка, каде што ќе ја посетат сестрата на Игор – Наташа…

seve

Таа во една прилика ги контактирала преку Инстаграм и ги повикала на гости. Родителите на Игор ја засакале Северина уште по првата средба и многу брзо ја прифатиле како член на семејството.

„Мајката на Игор испланира прво да одат таа и Кеба на гости кај Наташа, а потоа да им се придружат и младенците. Така ќе можат уште поинтимно да ја прослават венчавката и да уживаат во опуштена атмосфера“, вели извор за српски медиум.

Изворот додава дека на Северина од почетокот на врската  и бил доволен само Игор, што покажува и фактот што пејачката секој пат кога престојува во Белград спие во куќата на Којиќ, а не во некој луксузен хотел како порано.

Парот се венчаше во петокот, а најавена е голема прослава за ноември.

Најнови вести за Северина:

ЕВЕ ШТО ПОТПИШАЛ ИГОР ПРЕД ВЕНЧАВКАТА СО СЕВЕРИНА

СЕВЕРИНА ТАЈНО СЕ ВЕНЧАВА НА ИМОТОТ НА ЉУБЕ БОШКОВСКИ

- Реклама -