Сите кои користат социјални мрежи се обидуваат да се покажат во најубаво светло, а исклучок не се ни познатите личности.
Така, природните фотографии без фотошоп и без наместено позирање секогаш се добредојдени, а една таква на која доминира природната убавина одбра Северина за нејзината официјална страница.
За разлика од фотографиите на кои ги открива беспрекорната фигура и заводливото лице, хрватската пејачка Северина за својата официјална страна одбра фотографија која ја прикажува како сосема обична убава жена.
На прес конференцијата во Љубљана пред концертот популарната пејачка се појави во црн фустан со долги ракави, дискретна шминка и благи локни.
Севе ја одобрила оваа случајна фотографија за што поблизок контакт со бројните обожаватели.