Адвокатката на Северина открила што стои во тужбата што ја поднела во име на пејачката во судот во Загреб.
Откако минатата недела објавија дека официјално не се во врска една година, сега е потврдено дека хрватската пејачка Северина Вучковиќ и бизнисменот Милан Поповиќ наскоро ќе се најдат на суд во врска со старателството над нивниот 18-месечен син Александар.
Според пишувањето на магазинот Gloria, адвокатката на Севе открила што стои во тужбата што ја поднела во име на пејачката:
„Бараме детето да се даде на одгледување и чување на мајката. Детето е државјанин на Република Хрватска, мајката веќе живее со него, а барање упативме до надлежниот суд во Загреб. Второто наше барање во тужбата се однесува на плаќањето алиментација, а третото на контактите на кои таткото има право. За добро на детето и негов правилен развој ги поддржуваме, но бараме заради возраста на детето тие да се одвиваат во присуство на мајката. На Северина и е важно односите меѓу таткото и детето да функционираат, и тие контакти да бидат без големи прекини, но исто така важно е и каде ќе се одвиваат тие затоа што Александар е уште едно чувствително бебе и треба да има свој ред“, изјавила Јадранка Слоковиќ за Gloria.
Додала дека првата расправа на суд би можела да се одржи веќе на почетокот на септември поради итноста на предметот.