Сеул 2015: КIA ја открива иднината на своите компактни модели

Kia покажа на автосалонот во Сеул како ќе изгледаат идните компактни автомобили на марката. Марката ја демонстрира својата нова насока преку концептниот Novo (од латински – обновен).

Во основата на Novo е изменета шасија на седан Cerato, но целосно е нова каросеријата, со проширени калници и динамични форми. Меѓу интересните детали на моделот се и задни врати кои се отвораат спротивно од правецот на движење, ласерските главни светла и хромираните цевки на издувниот систем.

Во ентериерот на возилото се користат минимален број копчиња и механички прекинувачи. Управувањето со повеќето функции на Kia Novo е преку екран лоциран десно од управувачот. Тој располага со дактилоскопен скенер кој може да идентификува отпечаток на сопственикот на возилото. Откако тоа ќе се случи, автоматски се активираат личните поставки на возачот. Различни системи излегуваат на специјален тродимензионален приказ.

Концептниот фастбек е опремен со 1,6-литарски бензински турбомотор и нов 7-брзински роботизиран менувач со две спојки. Засега од Kia не откриваат динамичките карактеристики на агрегатот.

- Реклама -