Детството на човекот поминува брзо, но од него остануваат најубавите спомени. Немаше да бидеме луѓето кои сме, ако не слушавме што ни велат родителите или баба и дедо. И сепак некои работи кои сме ги слушнале како деца дефинитивно имаат смисла, а воедно се и страшно забавни:
Мама ме научи да го постигам невозможното:
– Затвори ја устата и јади супа!
Мама ме научи да размислувам логично:
– Бидејќи така велам јас!
Мама ме научи да го ценам видот:
– Ако продолжиш да гледаш телевизија одблизу, ќе ослепиш!
Мама ме научи на издржливост:
– Нема да станеш од масата, додека не си изедеш сè!
Мама ме научи на причинско-последичните врски:
– Ако не престанеш веднаш да плачеш, ќе те истепам!
Мама ме научи како да растам:
– Ако не јадеш зеленчук, нема да пораснеш!
Мама ме научи да гледам смело во иднината:
– Чекај само кога ќе се вратам, ќе поразговараме за ова јас и ти!
Мама ме научи на основите на самолекувањето:
– Не ги криви очи, ќе останеш кривоглед во животот!
Мама ме научи дека треба да се дели:
– Чекај само да му кажам на татко ти!
Мама ме научи на телепатија:
– Облечи ја јакната, знам дека ти е ладно!