За време на еден викенд, не само што Амал Аламудин стана г-ѓа Клуни, таа исто така стана интернационална модна икона.
И, како што се појавуваше од една прекрасна комбинација во друга, модните експерти брзо ја споредија со стилската кралица чија круна се чини дека ја има украдено: Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Иако двете жени се подеднакво вешти и паметни, во шик модата се чини дека Амал ја надминува Кејт во секој поглед.
Додека Кејт (32) сака живописни нијанси на розева и црвена боја, Амал (36) ги користи истите нијанси, но класичното го менува со помодерни форми.
Кејт прави безбедни, паметни и понекогаш досадни избори, додека Амал го подигнува изгледот и додава „метеж“ каде модерното се пресретнува со безвременското.
Можеби сериозната работа на Амал, како адвокат за човекови права во Лондон, ја охрабрува да биде забавна и несериозна кога станува за модата вон работното место.
Се разбира, такво „бегство“ нема Кејт, каде е ограничена од Кралскиот протокол во секое време. Таа, исто така е природно конзервативна, како што доликува на идната Кралица, и секогаш одбира внимателно соодветна облека.
Па, каде што Амал одбира кратки здолништа, Кејт се држи до должина на колената, и каде Амал екпериментира со реси и фармерки, Кет ретко носи панталони во јавноста.
Па така, додека некогаш беше невозможно да се замисли дека некој може да изгледа пошик од Кејт Мидлтон- токму како што беше незамисливо Клуни повторно да се ожени- Амал ги постигна и двете во еден неверојатен викенд.