Што ќе гледаме во почетокот на 2013

Нова година, нови сезони, нови телевизиски серии. Во почетокот на годинава, телевизиските куќи кои продуцират телевизиски серии, ги објавија датумите на кој ќе ги промовираат новите сезони на своите серии. Еве што ќе продолжиме да гледаме, или доколку не сте ги гледале воопшто еве ви предлог што да гледате.

1. “Californication”

1

Премиера на шеста сезона- 13 јануари 2013
По завршувањето на петата сезона во април 2012, фановите на Хенк Муди ,кој го глуми Дејвид Духовни, нестрпливо ги очекуваа новите епизоди од новата сезона. Контраверзна серија на “Showtime” за животот на еден писател кој се обидува да се справи истовремено со неговата кариера, неговиот однос со неговата ќерка и неговата поранешна девојка, како и неговиот апетит за убави жени.

2. “Shameless”

2

Премиера на трета сезона – 13 јануари 2013
Номинираниот за Оскар, Вилијам Х Мејси и Еми Росум се ѕвездите на оваа нова жестока храбро изопачена нова серија на Showtime. Френк Галагер е горд еден татко на шест паметни, вредни, независни деца, кои без него … можеби ќе бидат подобро. Тие не се како секое семејство што најверојатно го знаете, но тие не прават извинувања за тоа што точно се тие.

4.”Suits”

3

Продолжуваат со втора сезона на 17 јануари 2013. Серија на “USA Network”. Мајк ( Патрик Џ Адамс) и Харви,кој го глуми згодниот Габриел Макт, се победнички тандем во светот на правото. Контрастот од строгиот и познатиот њујоршки адвокат Харви и човечноста и генијалноста на неговиот помошник Мајк, ги прави да се едни од најуспешните адвокати во Њујорк.

5. “Anger Managment”

4

Премиера на втората сезона на 17ти јануари
Оваа е новата серија на Чарли Шин, продуцирана од “FX”. Чарли е поранешен бејзбол играч. кој ја завршува својата кариера со повреда. Тој станува терапевт за помош со управување на гнев, и е успешен приватен терапевт.Покрај тоа тој пробува да најде заеднички јазик со неговата од екс-сопруга и ќерка-тинејџерка.

6.”Girls”

5

Премиера на втората сезона на 13ти јануари 2013.
Авторска серија на Лена Данам, комедија / драма ,која се прикажува на “HBO”. Серијата е комичен поглед на животот, понужувањата и ретките триумфи, на група девојки во нивните рани 20-ти.

7.”The Carrie Diaries”

6

Премиера на првата сезона на 14-ти јануари 2013.
Нова серија од ‘the CW’ која го раскажува животот на легендарната Кери Бредшо, која е во својата четврта година од средното училиште во раните 1980-ти. Серија за моментите од животот кога таа за прв пат прашува за љубовта, сексот, пријателството и семејството.

 

- Реклама -