Американската тенисерка Серена Вилијамс е победничка на гренд слем турнирот УС Опен, откако во финалето по голема борба и меч што траеше два часа и 18 минути ја совлада Викторија Азаренка со 6:2, 2:6, 7:5.
Ова е 15. титула за Вилијамс на гренд слем турнирите и четврта на УС Опен. Ја заслужи со одлична игра во текот на целиот турнир, а во финалниот меч покажа карактер и ја совлада Азаренка по големата борба.
Со тоа Серена ја продолжи својата одлична серија, откако претходно победи на Вимблдон, како и на тенискиот турнир на Олимписките игри во Лондон.
Првиот сет Серена Вилијамс го доби лесно со 6:2, но во вториот дел Белорусинката Азаренка се врати во игра и возврати со иста мера, добивајќи го со 2:6.
Финалето влезе во третиот сет, кој беше рамноправен до 5:5 во гемови, а потоа Серена поддржана од публиката успеа да го зададе решавачкиот удар.