Сепак не се врти? Саудиски лидер со нова теорија за Земјата

Саудискиот верски лидер Шеик Бандар ал Каибари тврди дека Земјата не се врти околу својата замислена оска, туку дека Сонцето ротира околу неа.

Оваа своја „теорија“ шеикот јавно ја промовирал на едно предавање, што го одржал на Универзитетот во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), на кое се обидувал да ги увери студентите дека Земјата всушност стои на едно место.

Во обидот да ги натера студентите да ја прифатат неговата „теорија“ тој им презентирал еден свој „експеримент“ користејќи го летањето на авионите на подолги реалции.

– Да замислиме дека летате во авионот кон Кина. Додека трае летањето, во исто време се врти и Земјата, рекол шеикот иронично, а потоа прашал: Дали ако авионот случајно застане во воздухот, тоа ќе значи дека Кина тргнала кон нас, па сега е многу поблиску.

Според овој исламски религиозен „научник“ доколку Земјата навистина се врти и тоа во спротивната насока, авионот кој тргнал од Дубаи кон Кина, никогаш нема да стигне до целта на патувањето, затоа што Кина постојано ќе му бега на авионот, вртејќи се по линијата по која лета авионот.

Не се знае како на оваа „теорија“ реагирале студентите додека траело предавањето, но подоцна на интернет тој бил цел на стотици нивни бурни и потсмешливи коменатри.

Студентите од Емиратите, а и од други места го исмевале саудискиот „научник“ објаснувајќи им на оние кои не биле на предавањето дека единствениот „доказ“ на шеикот ал Каибари била неговата иронија и потсмевањето на сите кои веруваат во вистинската наука.

– Најтажно од се беше тоа што едно вакво предавање, се одржа на денот кога е роден Галилео Галилеј, напишал на интернет еден од студентите кој бил на предавањето во Универзитетот во ОАЕ.

- Реклама -