Сепак не е вистина: Фактите што ги поништи науката

Постојат многу работи за кои што сме читале, па убедени сме дека се факти и дека никој не може да ги оспори. Сепак, погледнете како за кратко време, еден факт може да се претвори во мит.

1. Хиперактивни од многу шеќер

Хиперактивноста по прејадување со слатки работи е едноставно „плацебо“ ефект.

2. Кинескиот ѕид е единственото огромно нешто што може да се види од вселената

Едвај се забележува.

3. Никако не смееш да допреш бебе птица

Не, нема да им наштети на малите невини суштества, ако ги земете во раце и ги вратите во гнездото, нема опција нивните родители да ги отфрлат поради тоа што сте ги допреле.

4. Човечката крв е сина

Крвта, која е сиромашна со кислород не е сина, таа едноставно е многу, многу темно црвена …

5. Јазикот има различни зони за вкус

Нашиот јазик не е поделен на зони за одделните вкусови, туку напротив, рецепторите за слатко, солено, горчливо, кисело и луто се сосема соодветно распоредени.

6. Камелеонот ја менува бојата во зависност од средината

Камелеоните ја менуваат бојата не заради бојата на природата околу нив. Тие ја прават оваа промена, бидејќи така комуницираат и изразуваат агресија, дефинираат територија или брачни односи.

7. Портокалот се вика портокал, бидејќи е портокалов.

Портокаловата боја го носи името од плодот, а не обратно …

orange

8. Пингвините живеат во парови за цел живот?

Не, тие не го поминуваат целиот свој живот само во моногамно семејство. Пингвините се моногамни за време на периодот на парење, а малкумина се моногамни во текот на целиот живот, иако навистина има и такви што се засекогаш заедно и единствени.

9. Приказната за тоа како НАСА ги измислиле хемиски пенкала за пишување во вселената, додека Русите користеле молив, е лага

НАСА исто така користеле моливи.

10. Луѓето имаат пет сетила …

Во интерес на вистината, постојат меѓу 9 и 20 сетила.

11. Наполеон Бонапарта бил низок

Тој дури бил малку повисок од просечните французи.

12. Земјата се врти во круг околу Сонцето

Всушност Земјата се врти околу центарот на масата на Сончевиот систем , наречен Берицентар …

13. Сите во времето на Колумбо мислеле дека земјата е рамна

Всушност, повеќето од научниците во тоа време знаеле дека Земјата не е рамна, туку има елипсовидна форма.

14. Човекот користи само 10% од мозокот

Точно е дека само мал дел од невроните во мозокот се активни во даден момент, но има и бројни средни врски, кои што се активни.

image-via-istockphoto-henrik5000

15. Викинзите имале рогови на шлемовите

Не е точно. Роговите на шлемови на Викинзите датираат од филмската продукција од 1876 г.

16. Пливањето после јадење може да предизвика грчеви и давење

Едно истражување покажува дека има корелација меѓу потрошувачката на алкохол и давење, но за јадење никој ништо не рекол.

17. Потребни ни се 7 години, за да се распадне џвакањето во процесот на варење

Тоа всушност и не се распаѓа, туку едноставно си поминува непречено низ дигестивниот систем.

18. 420 е код на полицијата во Лос Анџелес или код за користење на марихуана

420 е код кој значи „нарушување на јавниот ред од млади лица”

 

19. Мусолини и доцнењето на возовите

Возовите во Италија биле ужасни по Првата Светска Војна. Да, Владата презема низа мерки за да го реши проблемот со железницата, но ситуацијата повторно се влошува драстично за време на Втората Светска Војна.

 

20. Црвенокосите и русокосите луѓе ќе исчезнат

Нема научен доказ дека навистина ќе се случи тоа.

21. Лилјаците се слепи

Сите лилјаци кои имаат очи можат и да го гледаат со нив. 70% од нив навистина користат ехо-локатори, за да се оријентираат, но тоа не значи дека се слепи …

liljak

22. Просечната должина на живот во средниот век била околу 30 години

Не е вистина.

23. Домашните мушички не живеат повеќе од 24 часа

Тие живеат од 20 до 30 дена.

24. Стаклото е течно

Стаклото не е течно и стаклата со сличен вид се постигнуваат како последица на дополнителна обработка.

25. Збрчкувањето на прстите е последица од водата

Овој импресивен резултат од прекумерното киснење во вода се добива како последица на автономниот нервен систем.

26. Сончогледите го следат сонцето …

Сончогледите не го следат сонцето. Тие секогаш се свртени кон исток.

 

- Реклама -