Пред неколку дена, сексапилната руска манекенка се појави облечена во бел комбинезон на Chopard забавата на Филмскиот фестивал во Кан, а сега повторно го привлече вниманието на јавноста, пишува Daily Mail.
Не е повеќе тајна дека Ирина е во врска со познатиот американски актер Бредли Купер, но сепак на црвениот тепих одлучи да се појави без него, а со својот изглед и самодоверба ги засени сите убави жени.
29-годишниот модел предизвика конфузија кога се појави на премиерата на „Sicario“ за време на 68-то издание на Кан филскиот фестивал.
Во сензационален златен-металик фустан со плетени детали, ја нагласи нејзината убава кожа намачкана со масло и елегантно собрана коса, особено истакнувајќи ги нејзините зелени очи.
Таа го зголеми сексапилот со покажување на едната нога и златните потпетици.
Кој нејзин изглед ви се допаѓа повеќе, во елегантно бело или сензационално златно издание?