Сенатот на САД предложи резолуција за поддршка на влезот на Македонија во ЕУ

САД го поддржаа пристапувањето на земјава во Европската Унија (ЕУ) во најнова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис.

Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови.

– Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со Владата на Северна Македонија, да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија, се вели во резолуцијата.

Прочитајте и:  Кремљ: Американската противракетна база во Полска бара соодветни мерки

Во резолцијата се нагласува и поддршката на Сенатот за македонската влада да ги преземе реформите неопходни за унапредување на членството во ЕУ.

Сенатот ја „охрабрува Владата на Северна Македонија да продолжи со својата важна работа за членство во Европската Унијата, како и напорите за продолжување на мирот, стабилноста и просперитет во Источна Европа“.

- Реклама -