Семејството на Мира Стојчевска никако да здивне од успеси. Покрај синот вработен во ЕЛЕМ и братот вработен во РЕК Битола, минатиот месец и нејзиниот сопруг добил унапредување.
Од јануари годинава, Илјо Стојчевски е унапреден во командир на Шумската полиција во Делчево, објави „Плусинфо“. Тој за порталот го потврдил унапредувањето, но тврди дека само добил овластување да ја извршува функцијата, и тоа поради оставката на претходниот командир.
„Мојата сопруга нема влијание врз моето работно место. Јас бев заменик-командир на шумската полиција во Делчево од 1998 година, имам 28 години стаж“ – изјавил Стојчевски за „ТВ 24“.
Според Плусинфо, за пратеничката Мира Стојчевска се зборува дека е главниот кадровик во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Повеќе ТУКА.