И по повеќе од две години од формирањето на новата влада, уште постојат случаи кои поради изолираност од светот не разбрале дека животот наголемо е дојден, платите константно растат и невработени скоро и да нема, додека пак портите на ЕУ ни се отвораат. Поради ваквата неинформираност, овие случаи упорно продолжуваат живеат во сиромаштија, пренесува „Фчерашни новости“.
„Немале ни интернет, ни телефон, ни телевизор повеќе од 3 години. Им ја исклучиле струјата и немале како да се информираат за успесите и резултатите на новата влада, па уште живеат во сиромаштија. Откако им ги кажавме добрите вести и ги опоменавме, тие се извинија и рекоа дека ќе престанат да живеат во беда во најскоро можно време“, им рекле од Министерството за труд и социјала на „Фчерашни“. Покрај тоа, институциите ветиле и соодветна помош за семејството. Прочитајте ТУКА.