Меѓународниот ден на семејството, познат и како Глобален ден на семејството, е значаен настан кој се слави ширум светот со цел да се истакне важноста на семејните врски и да се промовира единството меѓу семејствата низ различни култури и потекла. Семејството е најмалиот градежен блок во општеството, а несомнено и најважниот! Силните семејни врски обезбедуваат поддршка и безбедна средина, неопходна за растот и развојот на поединецот.
Кога се слави Светскиот ден на семејството во 2024 година?
Оваа година, Светскиот ден на семејството се слави на 15 мај, во среда и се слави ширум светот. Обединетите нации и федерацијата за универзален мир се главните движечки сили кои стојат зад прославата. Тие се поддржани од владите на неколку земји кои организираат активности и настани поврзани со оваа пригода.
Историјатат на Меѓународниот ден на семејствата
Во 1993 година, Обединетите нации донесоа резолуција со која ја покажаа нивната решеност, да придонесат за подобар животен стандард и социјален напредок на семејствата ширум светот. Во 1994 година, Обединетите нации официјално го прогласија 15 мај за Меѓународен ден на семејствата, како одговор на променливите економски и социјални структури кои влијаат на стабилноста и структурата на семејните единици во различни делови на светот. Меѓународниот ден на семејствата во основа го слави фактот, дека семејствата се централниот дел на секое општество.
Зошто се слави Светскиот ден на семејството?
Овој ден се слави со двојна цел – од една страна да се подигне свеста за значењето на семејствата, од друга страна да се потенцираат различните аспекти кои негативно влијаат на семејството, како основна клетка во општеството. Секоја година, денот служи за потенцирање на проблемите кои ги мачат семејствата и спроведување на соодветните активности кои поединците, општествата и владите можат да ги преземат за да ги решат наведените проблеми. Овој ден има за цел да покаже, како зајакнатата семејна единица на крајот помага и во зајакнувањето на општествата и нациите.
Симбол на Меѓународниот ден на семејствата
Симболот на Меѓународниот ден на семејствата се состои од цврст зелен круг со црвена слика на шематски приказ на куќа и срце во центарот на кругот. Овој моќен симбол означува безбедна и поддржувачка средина која семејството ја обезбедува на луѓето од сите возрасни групи.
Теми на Светскиот ден на семејството
Секоја година, Обединетите нации одлучуваат за темата за Меѓународниот ден на семејствата. Ова помага да се дефинираат актуелните проблеми и насоки за решавање на горливите прашања кои заслужуваат да бидат истакнати и решени. Темата се менува секоја година во зависност од новите предизвици и случувања. „Семејствата градат оддржлива иднина“, е темата за оваа година.
Како се слави Светскиот ден на семејството ширум светот?
Меѓународниот ден на семејствата се слави на различни начини ширум светот. Во некои заедници, јавните службеници организираат дискусии и дискурси за различните предизвици со кои се соочуваат семејствата во нивните заедници. Некои земји ги планираат своите активности и настани организирани врз основа на одредена тема поставена од Обединетите нации. Поединци исто така избираат да го прослават овој ден поминувајќи време со своето семејство. Иако овој ден се смета за важен од владите ширум светот, тој не е прогласен за државен празник. Целта на одбележувањето на денот е прилика, да се прослават семејните врски и да се подигне свеста за проблемите со кои се соочуваат семејствата.
извор: Институт за јавно здравје
Сподели ја веста: