Победникот на Вимболдон и првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ пристигна во вторникот со семејството во Црна Гора.
Тој со сопругата Јелена и синот Стефан пристигна со приватен авион од Нива на аеродромот во Тиват, каде беше дочекан од бројни новинарски екипи и обожаватели.
Ѓоковиќ, по исцрпувачкиот турнир, со семејството ќе се одмара во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде планира да остане четири дена.