Српскиот кошаркар и бразилската убавица, иако се разведени, децата ги ставаат на прво место, па тие се собрале сите заедно, и како вистинксо семејство го прославиле роденденот на својата постара ќерка Валентина.
Марко Јариќ и Адријана Лима од мај оваа година повеќе не се заедно, но своите проблеми и несогласувања ги ставиле на страна поради роденденот на нивната ќерка.
Роденденот бил прославен во Мајами, покрај базен, а во пливањето уживале и девојчињата Сиена и Валентина.
Ова е прв пат Лима и Јариќ да бидат сликани заедно од април оваа година.
Лима моментално се подготвува за традиционалната ревија „Викторија Сикрет“ и сјаела во бел фустан.