Жителите на селото Пиплантри во Раџастан, Индија, имаат брилијантна традиција со која го одбележуваат раѓањето на секое ново женско бебе. Секогаш кога ќе се роди ќерка во Пиплантри, локалните тоа го прославуваат со садење на 111 нови дрва. Овој инспиративен обичај почнал кога ќерката на еден поранешен старешина на селото починала на многу рана возраст. Тогаш таткото на девојката се заколнал дека ќе се погрижи во иднина сите други жители да го ценат животот на секое родено девојче. Оттогаш, посадени се преку 250.000 дрва во чест на девојчињата донесени на светов. Со тоа што оди во полза и на планетата и на животната околина, и на селаните, оваа традиција се покажува како редок чин на еко-феминизам во земјата на „Малечката невеста“, во која жените генерално се потценети.
Како дел од традицијата, луѓето од Пиплантри меѓусебно собираат по 21.000 рупи, и уште 10.000 од родителите на новото дете, и така создаваат фиксен депозит на околу 20 години, во вредност од околу 456 американски долари, наменет за потребите на детето. Родителите потпишуваат и легален документ според кој изјавуваат дека нивната ќерка ќе добие соодветна едукација, нема да биде мажена додека не наполни 18 години и дека ќе ги негуваат дрвјата засадени во нејзина чест.
А селаните и те како се грижат за дрвата, околу кои садат и алое вера растенија, за да ги заштитат од термити. И од едните и од другите, мештаните создаваат низа продукти, кои ги користат како средства за приход за заедницата.
„Со тек на време, сфативме дека алое вера-та може да биде процесирана и рекламирана на многу начини. Поканивме неколку експерти и ги ангажиравме да ги едуцираат и обучат нашите жени. Сега локалните сами произведуваат и продаваат алое вера продукти како што се џус, гел и слични“, вели поранешниот сарпанч (официјално избран старешина на селото) – Шјам Сундар Паливал. Традицијата на неговото село не само што промовира женски права, но и генерира позелена Земја.