Селото во кое наместо со пари, се плаќа со кокаин

Нема струја, нема ни вода, ама има кокаин. Многу кокаин.

Во отсеченото село на колумбиските Анди, на свеќи живеат помалку од 200 луѓе, но успеваат секој месец да произведат по повеќе од 100 килограми кокаин.

Името на селото не се открива, но јасно е дека изобилува со плантажи на кока – растението од кое се прави дрогата. Вреќа од 2.27 килограми кока, може да се преточи во 2 килограми чист кокаин, кој во Њујорк може да се продаде за близу 50.000 евра. Тоа значи дека селото месечно произведува кокаин во вкупна вредност од скоро 2.5 милиона евра. Кога би биле распределени на секој жител подеднакво, тоа значи 12 и пол илјади евра месечна заработка по човек.

Друго нешто што фали во селото е пари во оптек. Затоа мештаните дрогата ја користат и како валута, како за купување на основни намирници, така и за коцка. Така на пример, локален производител/дилер пиво плаќа со 10.8 грама кокаин.

Локалните се свесни за последиците од кокаинот, но немаат намера да запрат.

„Знам дека силите кои се борат против трговија со дрога можат овде да се појават во секој момент, да го растурат производството, а мене да ме пратат во затвор. Свесен сум дека се бавам со илегална работа и дека многу луѓе се предозираат со кокаин“.

Колумбиската влада со години води војна против дилерите, а за таа цел вооружени сили се распоредени ширум земјата. Во октомври лани, на пример, 7 загинаа, а 20 луѓе беа повредени во акција за искоренување на полиња со кока во Нарин.

Според надлежните, во зафрлените делови на земјата, каде се наоѓаат полињата со кока, не постојат ни струја, ни автопати. Од една страна, тоа им помага на производителите на кокаин да останат скриени од окото на власта и дометот на законот. Од друга страна, тоа го отежнува самото производство и транспорт на дрогата, но локалните сепак наоѓаат начини нивниот „производ“ да стигне до купувачите.

- Реклама -