Село на малите луѓе

Постојат многу оддалечени локации во Кина, но само една успева да се издвои над останатите.

Научниците и експертите пројавуваат голем интерес кон жителите на Јангси во провинцијата Сечуан. Причината? Во селото живеат само 80 лица, од кои половина страдаат од дварфизам.

00045253

Според раскажувањата од страна на локалните, мистериозната болест се случила во малото село пред повеќе од 60 години. Таа влијаела најмногу на децата меѓу 5-7 години и им го попречила растот. Денес експертите знаат дека овој тип проблеми со растот се случуваат еднаш на секои 20 илјади луѓе. Соодветно ситуацијата во Јангси е крајно необична, особено имајќи во предвид дека според историските податоци во одреден момент од минатото во Сечуан имало неколку стотици луѓе кои страдаат од оваа состојба.

dwarf-village2-550x368

Кинеската влада им забранила пристап на посетители до Јангси, па затоа постојат еден куп дополнителни урбани легенди. Имено, според некои, темни сили надвиснале над домовите на селцето, други тврдат дека локалните биле проколнати од нивните предци поради непочитувањето на погребалните обреди, додека трети веруваат дека во сето тоа имаат вмешано прсти желките.

Според последните, некогаш некои од локалните жители на Јангси свариле и изеле црна желка и малку потоа чудната болест ја зафатила населбата. И покрај сето тоа се чини дека жителите започнуваат да ја надживуваат мистеријата – во регионот се почесто се раѓаат деца, кои повеќе не страдаат од дварфизам.

- Реклама -