Село на куклите: Тажна приказна за последната искра надеж

Во јапонското село Нагоро живеат вкупно 35 осамени жители. Осамени до толку што празнината која зад себе ја оставиле покојните или раселените соседи, ја пополнуваат со „страшила“.

Благодарение на Цукими Ајано, која почнала да ги правил куклите, денес ги има три пати повеќе од луѓето. Инаку, Ајано има 65 години, но е една од најмладите жители на Нагоро. Пред неколку децении се вратила да живее во селото, и тоа од Осака, за да се грижи за својот татко.

Tsukimi Ayano

„Ми враќаат спомени“, вели Ајано за куклите кои ги има буквално на секој чекор – на автобуската, во напуштените куќи, на тремовите…

“Оваа стара дама некогаш доаѓаше на чај. Овој старец обожаваше да пие саке и да раскажува приказни. Ме потсетуваат на старите времиња, кога сеуште беа живи и здрави“, вели таа покажувајќи на две од многуте кукли.

9424871635487368d44663339836960_v4%20big[1]

Повеќе од 10.000 градови и села во Јапонија остануваат без жители, а од куќите и инфраструктурата постепено остануваат само рушевини. Североистокот на земјата, каде што се наоѓа Нагоро, има и дополнителни проблеми со земјотреси и цунами, кои убија повеќе од 18.000 луѓе и опустошија многу места. Сеуште нема стратегија како да се оживеат малите средини, но малите места испробуваат разни методи за да привлечат туристи, а потоа и жители. Нагоро немаше многу среќа во таквите обиди.

781998026548736910a350849070598_v4%20big[1]
Селската автобуска станица е секогаш полна.

Улиците на селото се празни, а чашата се прелеа пред 2 години кога беше затворено училиштето. Ајано ја отклучува вратата и ги води посетителите кон беспрекорно чистите училници, во чии клупи седат кукли наместо ученици.

18144434405487368bab377951667231_v4%20big[1]

Но, не е се така црно. Не само што куклите на Ајано создаваат илузија на живот (таа е толку вешта и ги прави со толку многу внимание и посветеност, што воопшто не се морничави – напротив, секоја има своја професија, име, улога), туку и се повеќе се прочуени надвор од селото, па почнуваат да привлекуваат и посетители.

„Да ги нема страшилата, никој не би стапнал во Нагоро“, вели Цукими, последната искра на надеж во селото чиј живот се држи на конец. И посакуваме многу среќа во подвигот.

13632432205487369297df1137205257_v4%20big[1]

- Реклама -