Владата треба да даде објаснување, кој врши притисок врз полицајката Јасмина Јаначковска, да ја смени изјавата за инцидентот кај Мавровка, на фејсбук напиша претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.
„Правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ. Владата должни објаснување, кој врши притисок врз полицајката Јасмина Jаначковска да ја смени изјавата за инцидентот кај Мавровка. Ако не ја заштитиме Јасмина, Македонија ќе биде држава на силеџии како Беќир Асани! Брука!“