Конечно ги совладавте сите техники за потребите на создавање најдобро селфи? Мораме да ве разочараме бидејќи селфињата излегуваат од мода. Вашата претстава по блескавите тоалети во најпопуларните ноќни клубови заминува во минатото, бидејќи се појави нешто помоќно „дрони“!
Дронито е поскапа забава од селфито.
За сите оние кои сакаат да бидат во тренд и во чекор со времето, ви го претставуваме феноменот со името „дрони“, односно фотографија снимена со помош на мини хеликоптер кој се управува на далечински управувач.
Веќе ни носачите на камера не се потребни за создавање на совршена фотографија – доволно е да набавите хелихоптер со камера и да го пуштите да го направи своето. Нормално, претпоставка е дека сте вешти со управување.
Ако немате речиси 1.000 долари за професионален сет, или 300 за аматерски, уживајте во овие филмчиња.