Доколку сте од оние кои обожаваат да прават „селфи“ фотографии, Acer има ново, иновативно решение со кое ќе ја олесни вашата цел, да изгледате прекрасно на секоја од нив.
Станува збор на новата „селфи“ шапка, изработена во розова нијанса со бројни светкави детали, од чија страна се спушта малечок таблет со чија помош можете да се фотографирате каде и да се наоѓате. Шапката со облик на сомбреро ја ротирате онака како би можеле да го пронајдете вашиот омилен агол за сликање.
Сепак, не се надевајте дека овој производ веднаш ќе се најде на пазарот. Имено, тој бил направен исклучиво за Лондонската модна недела, а само најупорните ќе можат да нарачаат примерок од оваа лимитирана серија.
Дизајнерот на шапката, Кован Санлоу, е „виновен“ и за голем број на креации кои ги носи Лејди Гага, што објаснува доволно за впечатливиот изглед на неговото најново дело.