Селена: Заради Бред Пит морав да се кријам под маса

Холивудскиот заводник Бред Пит на доделувањето на MTV филмските награди ја замолил Селена Гомез за фотографија за неговите деца. Возбудената актерка истрчала под маса откако Бред излегол од нејзината гардероба.

„Успеав да останам смирена кога ми рекоа дека Бред Пит сака да дојде во мојата гардероба. Но, штом излезе истрчав под маса и се криев две минути. Не можев да верувам кој ме посети“, рекла Селена (20) во емисијата на Елен Деџенерис.

Актерот (49) на доделувањето на наградите во неделата ја замолил помладата колешка за фотографија од неа за неговите деца кои се нејзини големи обожаватели.

- Реклама -