Села: Ако јас бев Заев или Мицкоски, би ја прифатил идејата за прв премиер Албанец

Али Ахмети треба да прекине со изјавите за премиер Албанец, бидејќи тоа треба да се случува постепено, преку дебата, како разумни луѓе, до консензуална демократија, рече лидерот на  коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива – Зијадин Села, во денешното гостување на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Села порача дека Ахмети не е тој што треба да зборува на вакви теми, но исто така оцени и дека Заев и Мицкоски „сакаат да го кренат“ лидерот на ДУИ бидејќи сакаат таков партнер во власта:

„Во суштина, понудата на Али Ахмети мене ми личи на покритие за вистинската дискриминација што се случува. Ако сум Заев или Мицкоски би ја прифатил идејата. Знаете колку добро ќе звучи пред меѓународната заедница дека во Македонија има премиер Албанец? А од друга страна, кандидатот кој ДУИ го нуди не претставува албански интерес, туку повеќе интерес на струи од стари пријателства на СДСМ. Од друга страна тоа би било покритие на секојдневните случувања, политизирана правда, етничка правда, монтирани политички случаи до ден денеска“, рече Села.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Села уште еднаш ја коментираше наводната подготвеност на Заев да трампа пратеници со ВМРО-ДПМНЕ со цел да се избегнат уцените на ДУИ.

„Се обратив со прашање до Заев и Мицковски дали се свесни дека со таквите идеи ги исклучуваат Албанците од системот. Тогаш дали Албанците имаат право да го бојкотираат системот? Дали тоа им дозволува да прават нов систем? Една нивна реакција може да предизвика низа дејствија. Ако тие прават влада од македонски партии, тогаш ние ќе треба да правиме албанска влада“, вели Села. Целото интервју ТУКА.

- Реклама -